Брошура Проект „ Менталното здравје на младите“ поддржан и ко-финансиран од Град Скопје

Брошура со резултати од истражувањето и препораки, како дел од активностите на Проектот „ Менталното здравје на младите “ поддржан и ко-финансиран од Град Скопје

Проект ССО и родова еднаквост “СОС-ДА” Поддржан од Град Скопје

Мозаик Меик Скопје

Проект ССО и родова еднаквост “СОС-ДА ” поддржан од Град Скопје , сектор за средно образование. Проектот се реализираше во три средни училишта на Град Скопје СУГС “Владо Тасевски” , СУГС “Орце Николов” и СУГС ” Георги Димитров”. Беа реализирани седум работилници онлајн преку апликацијата ZOOM.

Проект „Училница.ком “

Здружението на граѓани Мултиетничка организација за промовирање на интернационални култури Мозаик Меик“- Скопје ја одржа својата прва работна група „Училница.ком“ со ученици од СУГС Георги Димитров. На оваа работна група учениците од страна на истражувачки новинар – Васко Маглешов , беа запознаени со значењето на медиумската писменост, функционирањето на социјалните медиуми, улогата на медиумите воопшто како и влијанието на ставовите на читателите. Учениците со помош на практична вежба се стекнаа со вештини за препознавање на лажни вести како и за причините за настанување на истите. Ова е првата работна група која МОЗАИК МЕИК ја спроведува во партнерство со здружението КИМАТИКА #MediaForCitizens #CitizensForMedia #MCCM #МедиумиЗаГраѓаните #ГраѓанитеЗаМедиумите #ВоСлужбаНаЈавноста #ReForMediaMKD #МИМ #ЕУзаТебе

М О Б И Н Г -ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ЗАШТИТА И ЗАКОН ЗА ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Почитувани, Ве покануваме да земете учество на дводневната обука на тема:
М О Б И Н Г
ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ЗАШТИТА И ЗАКОН ЗА ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
(22.11-24.11.2019 – Хотел „ Сириус “ -Струмица)
Предавачи: доц. д-р Емилија Бошковска на факулет за психологија при МИТ Универзитет, гешталт терапевт, лиценциран антимобинг советник

проф.д-р Александар Илиевски, адвокат и декан на Правниот
факултет при МСУ Св.Николе-Битола

Обуката е наменета за сите организации од јавен и приватен сектор, директори, правна служба, човечки ресурси, одговорни лица за посредувачи при мобинг во организациите , раководители и сите засегнати лица .

Организациите денес функционираат во комплексни и динамични средини од кои следствено проилегува кнтинуиран притисоик за натпреварување и внесување на промени Таквиот притисок и опкружување, често доведуваат до пореметување на комуникацијата во организациите и појава на интерперсонални конфликти и негативни појави, какви што се психичкото и физичкото малтретирање на работното место.
Согласно модерните парадигми во менаџментот , а со цел вработените да имаат среќна работна средина, да имаат задоволство од работењето и да можат да работат спокојно во бизнис околината , големо знчење им се придава на оргнизациското однесување и на квалитетот на живеењето и здравјето. Проблемите на насилство и вознемирување на работното место предизвикуваат посебен интерес и стануваат поактуелни во последните неколку години, особено со зголеменото акцентирање на позитивниот ефект од соработката, транспарентноста и тимската работа во организациското работење.Психичкото вознемирување на работното место не е нов феномен, но е феномен во постојан пораст.Со препознавање на овие негативни појави се зголемува и свесноста за распространетоста и сериозноста на овој проблем, Оттука произлегуваат и обврската на организациите за постапување по законската регулатива.
Превземете ги прикачените документи .
Однапред ви благодариме на соработката. Контакт телефон: 071/250-757
Лице за контакт: Лидија Јордановска – 070 392 673